Како Да Станете Успешна Деловна Жена

0 Comments

Деловниот свет долго време се персонифицира во една единствена визија – Успешен прилагоден маж во светот на бизнисот. Оваа слика е поддржана од стереотипите, политиката и воопшто од луѓето, каде е вградено психолошкото засилување дека местото на жената во бизнисот е да помага, а не да води. Но, денес има голем број жени кои го кршат ова правило и го отвараат патот за жените претприемачи и за бизниси во сопственост на жени.

При разговори со деловни партнери, предводени од жени, добивме нивно мислење како да станат успешни деловни жени во модерното време, што ги инспирира и пред сè, какви совети имаат за жените кои се стремат да ги оживеат овие страсти како женски бизнис-лидери. За сите нив, нема помоќно чувство од чувството да го водат својот бизнис и да го видат растот и успехот од него.

8 совети како да станете успешна жена-претприемач

1. Дозволете вашата страст да ве поттикне како да станете успешна деловна жена.

Можеби звучи како клише, но мотивот зошто сте почнале често е клучот за да останете верни на себе. Деловниот свет често може да стане неуреден и хаотичен, а финансиските одлуки почнуваат да играат големи улоги, а причината зошто сте го започнале својот бизнис може да стане заматена и тешка. Се што треба да сторите во тој момент, е да останете решителни и верни на својата страст.

2. Станете “ДА” жена

Жената може да ја искаже својата страст на највисоко ниво. Треба само да ја препознаете и да кажете – ДА. Кажете ДА на можносите кои ви се нудат. И покрај тоа што ниту една работа не изгледа совршено на почетокот, ниту еден тим не е во совршена форма, не заборавајте дека важна точка е да сфатите и прифатите дека треба да преземете ризик, да се тестирате самите себе, да учите и да растете. Никогаш не знаете за што сте целосно способни додека не се наметнете себеси и никогаш не знаете која нова идеја ќе успее доколку не се обидете. Кажете – ДА, дури и кога не го чувствате тоа.

3. Сфатете се себеси сериозно

Како жена во светот на претприемништвото, може лесно да се почуствувате дека не припаѓате таму. Тој свет е долго доминиран од мажи. Се што треба да сторите, е да се чуствувате самоуверно и да започнете со учење секој нов ден. Убедете се себеси дека сте моќна да го водите својот бизнис и да растете со него. Високата самодоверба секогаш води кон цел.

4. Да се биде жена не е пречка

Како малцинство во деловниот свет, лесно може да се поттикнете на откажување. Но, стравот не е опција во ниту една сфера од животот, така исклучете го и од тука. Исклучете го недостигот од доверба, преговори и неизговарања. Да се биде жена не е препрека во бизнисот – стравот од неприпаѓање е тој што создава препрека. Патот до успехот е само да ги победиме тие мали стравови и да ги задржиме мали. Останете самоуверени и не ги слушајте коментарите на другите околу вас. Ако длабоко верувате во својот бизнис, останете на тој став. Учете од дигиталниот свет. Тој ќе ви даде можност да научите од туѓите искуства, да добиете нови идеи или начини на одвивање на разни процеси, да запознаете нови и постоечки потенцијални партнери и да стекнете свест.

5. Можете да создаде семејство и да започнете свој бизнис

Општиот менталитет, дека жените треба да изберат помеѓу семејство или кариера е веќе не издржан, заради се поуспешни деловни жени и мајки. Всушност, некои од најуспешните деловни жени на денешницата го развиле својот бизнис додека истовремено подигале семејства. Се што ви треба е – вистинска поддршка од најблиските.

6. Грижата за своето деловно и ментално здравје е особено важна

Водењето свој бизнис може да биде стресно, често и исцрпувачко. Од голема важност е да не го жртвувате вашето ментално, емоционално и физичко здравје.  Секој бизнис има сет на предизвици и справување со стресот и анксиозноста што доаѓаат со него е од клучно значење. Одржувајте ги вашите основни вредности непроменети за да ја постигнете вистинската среќа во бизнисот.

7. Прилагодите се на дигиталниот свет за да станете професионална жена

Бизнисот во денешно време е поинаков од порано. Виртуелното движење, Ковид-19 и технолошкиот напредок го направија бизнисот да се работи од далечина. Работењето и управувањето со далечински тимови е поинаква вештина сама по себе. Кога не споделувате работен простор со вашиот тим, лесно е да дозволите сите ваши мејлови и разговори да бидат трансакциски, ефикасни и строго деловни. Но, секогаш најдете време за виртуелно кафе-муабет со својот тим. Културата на работното место е особено важна, особено во малиот бизнис. Развивањето доверба и поттикувањето на соработката не смее да е критична, бидејќи успехот на бизнисот зависи од тоа сите да работат заедно под било какви околности. Малите бизниси се многу слични на семејствата.

8. Секогаш бидете подготвени за следниот предизвик

Како сопственик на бизнис, ќе се соочите со некои предизвици што ги очекувате, а некои и не. Но, најважната работа, без разлика дали сте жена или не, е да бидете посветени, страсни и одговорни за секој од предизвиците, бидејќи секогаш има предизвици. Тие се постојани и никогаш не се остварени. Почнувајќи, пристапот до финансии е голем. Тогаш, кога скалирате, тоа е возбудливо, но и многу одговорно. Значи, од клучно значење е да имате одлични советници и ментори кои веруваат во она што го правите и можат да ви помогнат да се прилагодите, да иновирате и растете.

Започнете ВЕДНАШ!

Сепак сте ЖЕНА – а таа може СЕ!

About the author 

Габриела Ќипровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked

{"email":"Email address invalid","url":"Website address invalid","required":"Required field missing"}
Претплатете се за да ги добивате најновите вести