Како Да Се Справиме Со Трошоците За Електрична Енергија И Како Да Заштедиме?

0 Comments

Со намера да помогнеме при креирањето на оптималната стратегија за намалувањето на високите трошоци во домаќинствата и да го утврдиме најдобриот начин за затоплување на вашиот дом, направивме малку подетална анализа за изворите на енергија кои ги користите во домаќинствата а посебно посветивме внимание на трошоците за електрична енергија.

При тоа клучни фактори кои треба да се земат во предвид се:

  • начинот на затоплување во домаќинството и изборот на грејни тела кои се користат
  • трошоците за електрична енергија – изборот на уредите, начинот на користење
  • и секако можноста за заштеда

Со намера да помогнеме при креирањето на оптималната стратегија за намалувањето на високите трошоци во домаќинствата и да го утврдиме најдобриот начин за затоплување на вашиот дом, направивме малку подетална анализа за изворите на енергија кои ги користите во домаќинствата.

НЕКОЛКУ НАЧИНИ НА ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ДОМОТ

Доколку се греете на парно, како извор на енергија најбитно од се е да се внимава на изборот на радијаторите. Одлучувачки фактори во проценката на сопствената потрошувачка на енергија, конкретно за затоплување се:

  • количината на искористена енергија
  • цена на енергијата
  • дополнителни трошоци за греење (надоместоците околу одржувањето и оперативните трошоци за електрична енергија на системот)
  • станбена површина /куќата- колкав дел се грее изразен во метри квадратни

Едно правило вели дека веќе споменатите дополнителни трошоци за греење не треба да изнесуваат повеќе од 20% од вкупните трошоци за греење.

Нормално е дека никој не сака да седи во ладна соба или со дебела јакна во својот дом, затоа добрата изолација е клучен фактор, која ќе ја намали потрошувачката на енергијата за 25 до 60%. А ако користите клима уред за греење/ ладење (А класа 18 троши 45 киловати месечно,за еден час дневно.

Одлична опција за заштеда на енергија ако се греете на струја е да изберете грејно тело со термостат, со што ќе постигнете енергетски ефикасно загревање, а воедно и неизмерно ќе се намали потрошувачката.

СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Осветлувањето – како ставка во трошоците за енергија во домаќинството, зафаќа отприлика околу една четвртина од вкупните трошоците за енергија. Најдобра опција би била користењето на штедливите лед сијалици во домаќинствата. Обичните светилки од 100 вати трошат 30 киловат часови месечно, доколку работат секој ден по десет часа, за разлика од штедливите кои што трошат само шест киловат часови.

Бојлер – еден час работа на грејач од два киловати, ќе потроши два киловат часа дневно, а на месечно ниво (ако работи секој ден по 2,5 часа) ќе потроши 150 киловат часови.
Подесете го термостат на бојлерот помеѓу 50 и 60 степени целзиусови. Погрижете се каменецот на грејачот да биде исчистен, со што заштедата на електрична енергија би била околу 10%

Фрижидер – кога разговараме за фрижидери, најдобро е да ги одржуваме на оптимална температура помеѓу 4-5°c.

Шпорет – една рингла на шпоретот троши 1,5 до 1,8 киловат часа за еден час работа, а грејачот во рерната од два до четири киловат часови.

Машина за перење – правилната употреба на машината за перење значително влијае на намалување на потрошувачката на електричната енергија, особено ако ја вклучувате по полноќ, месечно ќе потроши од 45 до 90 киловат часови. Заштедата на електрична енергија би била стигнала до 45%.

Машините за миење садови – за заштеда на струја (па и вода на долг рок,) не ја пуштајте машината за миење садови додека не се наполни, избегнувајте циклуси со високи температури (90 степени).

Инвестирањето во енергетска ефикасност често се опишува како “добитна комбинација“ за сите инволвирани страни. Фактите покажуваат дека со примена на принципите на енергетска ефикасност, заштедата на енергетската потрошувачка би била до 30 проценти на годишно ниво, односно годишната заштеда на домаќинствата би околу 1.000 евра. Наша препорака е при купување на нов уред во домаќинството, да ја проверите неговата енергетска ефикасност. Енергетски ефикасните уреди може да чинат повеќе кога се купуваат, но долгорочно генерираат нето-заштеда за потрошувачите на енергија.

Особено при купување внимавајте на ознаките.На пример: ознаката ‘’А’’ значи енергетски најефикасен уред, ознаката ‘’B’’ значи одличен, C добар. Значи, колку уредот е поблиску до A, толку троши помалку енергија. Дополнително, производителите означуваат уште 2 други класи: A+ и A++. Оние уреди кои што се дополнително означени со ‘’+’’ означуваат додадена енергетска ефикасност – надвор од пропишаните стандардите за енергетско-ефикасни уреди и апарати.

About the author 

Габриела Ќипровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked

{"email":"Email address invalid","url":"Website address invalid","required":"Required field missing"}
Претплатете се за да ги добивате најновите вести